Роденденот на Скопје-13 Ноември
Ладно морничаво
есенско утро
партизанска песна
се лее,
постојана мисла за
конечна слобода во сечие срце тлее.
Срца бијат ко едно
секој се подготвува
за што следи следно.
По многу пукот и
виор
знамето високо се
вивна
Скопје ослободено!
Eмоции и чувства се
мешаат во едно,
затоа денес,
роденден на Скопје, славиме ние
дамнешната мисла за
слобода, слободно бие.
Благодарни на
лицата кои тогаш храбро се бореле
Без капка двоумење
и дилема
денешната слобода
ја донеле.
Автор и уредник: Ања Јовановска 9-4