Предметна настава, нов предизвик за нас шестоодделенците

 Предметна настава, нов предизвик за нас шестоодделенците 

 

     Секој септември, со самиот почеток на новата учебна година, започнуваат и многу нови обврски за секој ученик. Но, овој септември за нас учениците кои до лани бевме петто одееление беше месец на отворање на една нова страница од нашето образование, кога ние учениците од одделенска настава преминуваме во предметна, во шесто одделение се случуваат големи промени за сите нас. Имаме нови улоги, нови предмети и нови наставници. Неограничениот број  нови информации треба да ја зајакнат улогата на шестооделенците и затоа пред нас стојат многу нови предизвици. И тоа: 
    - Се соочуваме со нови наставни предмети, кои се подеднакво важни за реализација на наставата;
     - Запознавање со нови наставници, секој со различен метод на работа и различни очекувања; 
      -Но за постигнување успех за нас  важна е и целта која ќе си ја поставиме на самиот почеток и 
      -Треба да имаме голема поддршка од родителите, за да имаме дополнителна мотивација 
    Затоа е многу важно да имаме меѓусебно почитување, добра комуникација и толеранција во секој поглед. Само така ќе бидеме успешни во текот на целата учебна година. 
Во шесто одделение нѐ очекуваат многу активности, проекти и предизвици кои понатаму ќе ни го отворат патот кон нашата идна професија. Па шестооделенци, среќно! 

 


Автор: Ива Стојановска VI-4  

Уредник: Катарина Пислевиќ 8-2 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче