Јас сум професор по француски јазик, која е твојата супер моќ?

 Денес ние, учениците од франкофонскиот клуб ја посетивме изложбата на фотографии со име

 ,,Јас сум професор по француски јазик, која е твојата супер моќ?" 

   Oва беше прилика да се посети францускиот институт во Скопје кој топло нè  пречека и нè     заинтересира за многубројните книги,филмови и стрипови кои ги имаше низ своите полици. 

Таму се запознавме со литературата но и услугите кои ги нуди институтот.




Бидејќи ние бевме дел од фотосесијата имавме прилика да се пронајдеме на некои од сликите.






Литературата беше збогатена со интересни содржини со вокабулар за секое ниво.Освен институтот за француски ја посетивме и пекарата ,,Пастел" која имаше француски рецепти за совршен и сладок крај на нашата посета.



Се надевам на повторна средба,
Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4









Popular posts from this blog

Мојот живот за време на пандемија

Пролетен пејзаж

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров