Одбојка

      Во Општината “Гази Баба” се организираат натпревари по различни спортови. Јас играм одбојка. Играме неколку деца од деветто одделение, едно девојче од осмо и уште неколку од седмо одделение. Оваа година до сега се организирани четири натпревари, игравме против “Кирил и Методиј 1”, “Кирил и Методиј 2”, “Наум Охродски” и ” 25 Maj. Сите четири натпревари ги победивме и многу сме горди на тоа. Се надевам дека ќе ги победиме и другите училишта за да можеме да освоиме нешто. Натпреварите се играат во салата “Наум Наумовски Борче” и сите од тимот носиме бели маички, шорцеви, чисти патики, врзано репче и кој има штитници. Натпреварот се игра од 30 до 60 минути. Се игра до 25 поени, кој тим прв стигне до 25 поени го зема првиот сет, исто така е и за вториот но ако во вториот сет победат другите тогаш се игра и трет решавачки сет за да видиме кој ќе биде победникот на натпреварот.



Автор: Стефанија Спировска IX-1

Уредник: Сара Ангелова IX-3



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче