Oпис на грмотевици
Еден необичен ден, додека гледав низ прозорецот во мојот двор од викендичката, се случи нешто многу невообичаено и доста страшно.
Одеднаш жолтото сончево сонце го покрија црните и темни облаци. Почна да врне ситен ненадеен дожд. Црните темни облаци беа многу густи. Од облаците се спушти бела, светкава, силна грмотевица која згрме. По брзата грмотевицата следуваше и еден засилувачки звук. Сиот народ беше исплашен и доста загрижен. Се слушаа силни викотници. Тоа траеше неколку минути. По неколку секунди мир, нешто одеднаш дувна. Тоа всушност беше ветер кој како да го чекаше својот ред да настапи и да ја покаже својата сила. Раздува сѐ наоколу, се крена голема прашина и нешто одеднаш тресна. Кога се свртев назад, забележав дека падна еден голем капак којшто беше потпрен на ѕидот од ходникот и ме исплаши. Помислив дека во еден миг ќе настапат сите природни појави одеднаш. Си реков, доволно беше, веројатно ова ќе биде сѐ за денес. Само што сакав да се тргнам од прозорецот, уште еднаш од далечината се слушна нешто како пукање. Почекав стаписана, како да чекав да се приближи страшниот звук. Така и се случи. Згрме уште еднаш, онака силно како од топ и одеднаш заврна пороен дожд, кој беше помешан со големи, бели зрна град. Беа големи како зрна лешник. Целото тоа попладне останав дома, бидејќи дождот врнеше уште долго, дури и во текот на ноќта.
Сето тоа беше само едно лошо и вознемирувачко искуство.
Автор: Ена Јордановска VII-4
Сонцето се скри зад облаците. Одеднаш ја снема светлината. Се појави силен блесок
кој како острило ги распука облаците. Се слушна силен звук, најсилен, кој плаши,
и создава морници, страв. Секогаш од страв ги затворам очите и ушите. Природата како да сака да ја стави на тест нашата
храброст.
Се
доближив до прозорецот, ја кренав главата упатувајќи го погледот кон небото. Сликата на небото
веќе не ми личеше на приказните што мојата баба ми ги раскажуваше за облаците. Небото
личеше на соголено дрво во есен. Сликата беше застрашувачко величествена. Темните
облаци како да навестуваа голема бура, глетка која во мојата душа разбранува
изместени чувства и емоции. Колку ли само е прекрасна природата? И преку
грмежите и молњите умее да создаде преубав пејзаж избоен со ладните бои од
палетата на уметникот.
Таа
слика траеше само еден миг, но звукот и глетката ми останаа во сеќавање долго,
долго време.
Автор: Ива Андова VII-2
Уредник: Сара Ангелова IX-3