Без книгата си никој и ништо
За мојот прв
роденден
добив сликовница
мала.
Во прво
одделение,
со букварот учев
букви ко на шала.
На првиот летен
распуст
ја прочитав и
првата лектира,
а сега
учебниците разни
не ме оставаат
на мира.
Читам лекции и
приказни разни,
Омилени ми се
сеуште детските сказни.
Интересни теми
во сите книги се кријат,
некои од нив не
ме оставаат да спијам.
Љубопитност
голема ми се буди,
кога добра книга
научни факти ми нуди.
И така секоја со
своја специјална тема,
ќе сфатиш дека
лоша книга нема.
Без книгите
животот би бил досаден
и секој од нас
многу осамен.
Затоа нова книга
во рака земи
и читај
занимливости на различни теми.
Автор: Алек Јовановски VII-1
Уредник: Сара Ангелова IX-3