Пролетен пејзаж
Една од најубавите теми за која можеме да напишеме некој
интересен состав е пролетта.
Веќе топлите сончеви зраци ја милуваат раззеленетата
природа. Расцветаните дрвја и даваат посебна убавина. Во зелената трева
разнобојните цвеќиња ја шират својата опојна миризба, затоа и веселото црцорење
на птиците го повикуваат благото ветре да прошета низ ливадата. Пчелките сега
слободно можат да си ја работат својата улога кај цветовите, а тие пак среќни
им ги отвараат ширум листовите. Знаат дека пчелките ќе им го соберат нектарот
за да има мед, но и дека ќе може да се добијат уште разнобојни цветчиња. И поточето,
кое во близина на ливадата разиграно и нежно ги потпрскува со своите бранчиња,
давајќи им до знаење дека се многу убави. Поточето мирно и спокојно си жубори и
не сака да ја уништи таа среќна идила. Шаренилото од бои го надополнуваат и
туку што новосоздадените пеперутки. Секоја пеперутка е убава за себе, како
уникатни примероци на разиграната ливада. Затоа никогаш немој да ја загадуваш
оваа вистинска пролетна слика.