Патот кон успехот
Рубрика – Патот кон успехот
Почитувани наставници, со оваа
рубрика ќе се обидеме да Ви донесеме радост потсетувајќи Ве на некои од вашите
некогашни ученици кои денес се почитувани и успешни луѓе во различни области од
нашето живеење: доктори,
менаџери, економисти, музичари, самостојни бизнисмени.....
Вие, како мошне значаен дел од
нивните животни приказни, со својот пример и работа секако сте вградиле
одредени етички и морални норми, воспитни и образовни компоненти, сте
мотивирале, сте пружиле љубов или сте ја поттикнале кон нешто истата со што
станувате директни учесници во
поставувањето на темелите на секоја успешна приказна. Веруваме дека секој од
Вас посакува да знае каде се, што прават или што постигнале денес Вашите поранешните ученици.
Сакаме исто така да ве поддржиме
и мотивираме дополнително, пркосејќи им на сите искушенија да продолжите со
истата љубов да ја работите вашата најблагородна професија.
Благодарение на Вас – сеачите на
знаења и понатаму ќе се градат уште совесни, одговорни, вредни и успешни луѓе.
Со успешните животни приказни исто
така имаме желба на нашите сегашни ученици да им покажеме дека вложениот труд
во училиште сега, ќе вроди со плод во иднина.
Можеби пак некој од нив и ќе се пронајде себеси во некоја од професиите на
нашите ликови со успешни животни приказни па ќе го следи нивниот животен пат.
Оние пак успешните кои ќе ги
пронајдеме и контактираме за да ни го раскажат својот пат до успехот, ќе ги
потсетиме на нивното детство, на нивните први училишни денови, на првите
учители, наставници и соученици. Ќе ги потсетиме на периодот од животот за кој
велат дека е најбезгрижен и најубав.
Веруваме дека ќе им годи нашето внимание и нашата желба да се чуе за нив, а
секако не е мала работа да претставуваш модел за успех на сегашни и идни генерации.
Тоа се мотивите со кои ја
започнуваме оваа рубрика. Се надеваме дека сите со задоволство ќе ги следиме
содржините низ кои ќе не водат наши сегашни ученици – можеби идни новинари.
Среќно!