Светски ден на книгата

 

Денешниот ден 23 април е празник на книгата. Светскиот ден на книгата е прогласен од УНЕСКО во 1923 година, како ден во кој треба да се промовира читањето.

Со читање книги влегуваме во светови кои не можат да се видат со детските очи, туку можат да се доживеат само во нашата фантазија. Јас кога читам книга имам доживување како да гледам филм, секое дејство од книгата како да се движи на филмска лента пред мене. Ги гледам карактерите од книгата како се облечени, можам да им ја слушнам бојата и интонацијата на гласот, да го осетам мирисот на храната која се опишува... Кога читаме ги развиваме нашата фантазија, креативност, емпатија, се забавуваме и уживаме.

Во моментов ја читам книгата Ереб од австриската писателка Урсула Познански, возбудлив трилер за опасностите кои ги демнат децата во виртуелниот свет на компјутерските игри.

Да го одбележиме овој ден така што секој од нас денес ќе прочита барем триесетина страници од некоја книга, а тоа да не биде задолжителната училишна лектира 😉

 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче