Едно зимско утро...
Ноќва
беше голем студ. Небото сосем јасно, улиците натрупани со снег, секоја куќа украсена со
разнобојни сјалички кои ја осветлуваат оваа
темна зимска ноќ. Се враќам доцна дома. Студот како да ме боцкаше со тенки иглички по писките. Еве ме
сега веќе во топла соба. Земам книга да прочитам некоја страница пред спиење. А
потоа уморот ме совлада и паѓам во длабок сон... Настапи утрото. Штотоку излезените, сончеви зраци ме погалија по
лицето. Моите родители и сестра ми сите спиеја. Сакав малку да се прошетам, да
излезам на раниот свеж воздух, па затоа земав и изедов една банана како доручек,
се облеков топло, напишав ливче на мајка ми и татко ми дека сум излезена на свеж
воздух и тргнав. Се упатив кон паркот
бидејки тој беше најубав во зимата! Дрвјата облечени во бело, езерцето личи на
блескав кристал, патчето сега покриено со снег е одлична тркачка патека со
санки. На една од клупите го забележав... Мојот симпатија! Оваа утринска
прошетка стана уште поубава. Се чуствував како да се топев гледајки во него...
Тој ме забележа и дојде до мене. Се трудев да не поцрвенам ко домат, но не
успеав. Тој се насмевна. Се поздравивме. Јас му објаснив дека сум излезена на
утринска прошетка, а тој ми рече дека сакал да купи нешто од продавницата пред да
се појават секојдневните редици, но се маѓепсал од кристалното езеро. Потоа тој
ме праша: ,, Би сакала....можеби да се прошетаме? ''
Јас се изненадив. Тоа прашање ко да
ми даде крилја сакав да летнам од среќа, но реков само едно едноставно: ,,
Да,може''. Одевме долго и стигнавме на една ливада. Немаше отпад, се беше прекриено
со снег. Имаше една врба која изгледаше величествено, а на неа лулашка (за среќа
заштитена од снег од гранките на врбата). Седнав на лулашката, а тој почна да ме
лула. Не се противев, напротив срцето ми чукаше силно небаре ќе излезеше, а во
главата ми летаа милион мисли... По неколку минути станав од лулашката и
маѓепсано се загледав во небото. Оддеднаш осетив топка снег врз мојот грб. Се завртев, а тој ги крена
рамениците и рече: ʺУпс....ʺ Така почна војна со снежни топки во која се смеевме
на цел глас. Војната заврши со победа од двете страни, а потоа легнавме во снегот
и се погледнавме. Тој ме фати за рака, а и јас него, потоа ми кажа: ʺНе сакам ова
да заврши, не ми се оди домаʺ, а јас му реков: ʺИ јас...ʺ Тој ми помогна да
станам. Погледна доле, а потоа во мене и тивко изговори: ʺЧао..ʺ Јас се насмевнав, образите ми беа заруменети
од снегот. Го гушнав и се збогував. На патот кон дома мислев дека летам. Срцето
веќе ми беше излезено од градите... Кога дојдов дома моите родители и сестрата
овој пат беа станати. Мама и тато пиејќи го своето утринско кафе си го пратија
тајниот сигнал. Веројатно и тие ја забележаа возбудата на моето лице. Потоа
истовремено изговорија: ,, Ти годела утринската прошетка на ова прекрасно зимско
утро''!
Автор и Уредник:Ања Јовановска VII-4одд.