Работилница „Ученички активизам и застапување“

 


Третата и последна работилница од обуката за ученичко учество која се организираше во рамки на проектот И јас имам глас се одржа вчера, на 22 април, под наслов Ученички активизам и застапување.

На оваа работилница се запознавме со формите на ученички активизам како што се волонтирањето и вклучувањето во граѓанските организации. Научивме дека преку младинскиот активизам можеме:

  •  да добиеме нови животни и работни искуства
  •  да стекнеме нови вештини и знаења
  • да научиме да бидеме одговорни
  • да придонесеме за доброто на заедницата во која живееме

Научивме како правилно да ги застапуваме правата на учениците како членови на Ученичкиот парламент, и преку кои процеси и начини да ги постигнеме посакуваните промени во училиштето и пошироко во општеството.

Беше вистинско задоволство да се присуствува на трите работилници. Се дружевме, активно соработувавме во пријатна атмосфера и многу научивме од љубезните и секогаш ведри предавачи. Им благодариме за новите знаења и искуства кои ни ги пренесоа.


 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче