Судбина
Судбина! -Блага или горчелива? Судбина е сила која го определува животот на секој поединец, и која не може да се смени. Но дали некој може да jа предвиди?
Од минатото па се до денес во животот на луѓето останал еден мит. Во него се зборува дека на третата вечер по раѓањето на новороденчето му се одредува судбината на од страна на трите наречници. Но, дали тоа е вистина, останува неоткриено. Дали губењето на блиските личности е судбина? Кога ќе изгубиш некој што го сакаш тогаш судбината од блага ко мед преминува во горчлива, па станува и погорчлива од горко кафе.
Хм, сега се запрашувам дали тие што пијат горко кафе
имаат горчлива судбина, но тоа е само моја претпоставка и среќна сум што
запознавам луѓе што пијат благо кафе. Јас не пијам кафе па не е во ред да
зборувам за него. Читам многу книги и енциклопедии. Во врска со судбината во
секоја книга ја има поговорката ,,Од судбината не се бега’’. Често и старите ја
употребуваат оваа поговорка. Веројатно многу може да нè научи. Јас оваа
поговорка ја разбирам така што сè што ни е пишано во животот тоа и ќе ни се случи и од тоа не можеме да избегаме. Според оваа поговорка, значи ли тоа дека уште од
сега ни е одреден брачниот другар во иднина?
А, за крај ценете го животот, не секогаш животот зависи од нас, зависи и од судбината. И еве еден совет од мене - кога ќе почнете да пиете кафе, пијте благо кафе за да имате блага судбина во иднина.
Уредник: Сара Ангелова VII-3