Знаењето е сила - знаењето е моќ!
Образованието значи повеќе од
едноставно учење. Тоа овозможува луѓето да се развијат како личности. Знаењето е навистина моќ, но што всушност претставува
тоа? Дали ,,знаењеʺ е само сето она формално образование кое го стекнуваме за
време на школувањето или е нешто повеќе?!
Навистина е напорно да ги
оделиш вистински потребните информации од оние небитните, посебно со присуството
на социjалните мрежи на кои секој може да пренесе било каква информација... Нашето
образование почнува од многу рана возраст. За прв пат се среќаваме со учењето
преку игра во градинка, потоа продолжуваме во задолжително основно и средно
училиште, а потоа следи и факултет. Поминуваме околу 16 години од нашиот живот
во формалното образование. Сите знаеме колку е важно образованието,
бидејќи родителите постојано ни велат дека треба да учиме и да имаме одлични
оценки. По нашиот животен пат се сретнуваме и со поговорките како:
,, Разбудете ја страста кон учењето. Ако го
направите тоа, никогаш нема да престанете да созревате.“ – Антони Д’Анџело
Или
„Образованието е најмоќното оружје што
можете да го употребите за да го промените светот.“ – Нелсон Мандела
Убавата
страна на учењето е што никој не смее да ни го одземе. Образованието не
е проблем. Образованието е можност. Образование... Овој збор е гледан со различни
очи. Некој го гледа како отворена златна врата кон знаење, а некој ко нешто што
го исцрпува умот. Дури и во друштво на две лица, можеме да
научиме нешто. Па така да заклучиме дека знаењето можеме да го стекнеме од
секаде и секого. Образованието е само една од многуте начини да се стекне
знаење. Целта на образованието е да го замени
празниот мозок со слободен ум. Сѐ
што ќе научиме денес, без никаква причина, ќе ни помогне да ги откриеме сите
прекрасни тајни на утрото. Образованието не претставува подготовка за животот.
Самото образование е животот...