Патот кон успехот - Интервју со Катерина Ивановска
Добар
ден на сите! Денес ќе ја запознаеме Катерина Ивановска од Скопје. Па ајде да започнеме со првото прашање.
Добар ден Катерина. Дали ќе може најпрво да ни се претставите?
*Да секако. Јас се викам Катерина Ивановска, имам 40 години и јас сум магистар по менаџмент на човечки ресурси. Вработена сум во британската фирма Johnson Matthey .
Дали имате некои спомени или сеќавања од oсновно училиште кои ви оставиле посебен впечаток?
*Многу убави сеќавања се тие. Со задоволство се сеќавам на учителката Дивна, другарите, екскурзиите, играорната секција, одев
во тогашниот оркестар на „Дане Крапчев“ и добивме награда односно освоеното прво
место на републичкиот натпревар. Осумте одделенија поминаа многу брзо а останаа
сеќавњата и сликите што сеуште ги чувам.
Како сте го продолжиле понатамошното школување кога го
завршивте своето образование во „Дане Крапчев“?
*По основното
продолжив во гимназијата „Орце Николов“, па на Правниот Факултет, потоа бев на
пракса во Собранието на РМ, па на три месечно усовршување во Бирмингам, Англија
и на крај во Лондон, Англија магистрирав.
Со какви предизвици сте се соочувале во текот на вашето образование?
*Мене најголем предизвик ми беше математиката и во основно и средно образование, но на крајот ја усовршив.
На што најмногу се
сеќавате од школските денови?
*Се сеќавам дека
многу ни беше забавно и времето во училиште ни поминуваше многу брзо.
Зошто ја одбравте оваа професија?
*Јас ја одбрав оваа професија бидејки сакам да работам со луѓе, и иако тоа знае многу да ме исцрпи сепак ме исполнува. Мојата секојдневна работа има и правен аспект, нешто на што се посветив на факултетот.
Дали некогаш сте се размислувале дека ќе бидете тоа што сте денес?
*Не, воопшто. Дојде некако ненадејно. По правниот
факултет одлучив да специјализирам човечки ресурси.
Дали сеуште се дружите со
вашите соученици од основно образование?
*За жал освен на фејсбук, немам поголеми комуникации, но и
поради пандемијата и дружењето ни е ограничено.
Дали сте задоволни од
постигнатиот успех и од она што сте сега?
*И повеќе од задоволна. Доколку порано би ме прашале не
би ви рекла дека ќе имам олкав успех.
И како за крај дали имате некој совет за сегашните па и за идните ученици во ООУ ,,Дане Крапчев"?
*Да имам еден совет кој сакам сите да го применат во својот живот ако сакаат да бидат успешни - “Да бидат упорни и доколку не се сигурни што сакаат да бидат или учат понатаму да не се секираат, ни јас не знаев во основно. Да разговараат со блиските и семејството бидејќи ненадејно може да откријат дека некоја професија која ќе им е интересна и би сакале да се насочат токму во тој правец”.
Многу ви благодарам за одвоеното време и се надевам дека се забавувавме и дека вашите совети многу ќе им помогнат на сегашните и идните ученици во ООУ „Дане Крапчев“.
*Ви благодарам што ме потсетивте на деновите поминати во училиште.
Aвтор: Јована Ивановска VII-3 одд.
Уредник: Сара Ангелова VII-3 одд.