Posts

Настава во природа-Охрид II

Image
    На вториот ден од настава во природа (09.05.2023) и покрај ситниот дожд го посетивме Охрид, градот на бисерите. Ја посетивме куќата   на Робевци, која денес е познат музеј во Охрид. Во него се изложени предмети, накит и облека од п.н.е и од н.е. Во него е изложена една од шестте фамозни златни маски   Ја посетивме црквата Св. Софија кој поминала низ бројни реставрации. По патот застанавме до амфитеатарот и дознавме за неговото користење во античкиот период. Го посетивме гробот на познатиот поет Григор Прличев. Се упативме на Плаошник и му оддадовме почит на Климентовиот гроб, важна личности во македонската историја  и за постоењето на македонската азбука. Го посетивме Канео, црква што има најубава местоположба во светот. Поради дождот кој стана се посилен ние моравме да се вратиме во хотелот. Автор: Ангелина Трпковска V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

Настава во природа-Охрид I

Image
 На ден 08.05.2023г.  ние учениците од петто одделение заминавме на настава во природа. Во Тетово ја посетивме Шарената џамија која била изградена во 15 век.  Поминавме покрај планинската река Радика. Следно го посетивме машкиот манастир Св. Јован Бигорски познат по иконостасот изработен од дрво и иконата на Св. Јован. Поминавме покрај женскиот манастир Рајчица и вештачкото Дебарско Езеро. Во попладневните часови пристигнавме во хотелот и се запознавме со околината. Автор: Мила Николова V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2

ЗА МОЈОТ ДРУГАР

Image
  Не заминав ! Не заминав без поздрав ! Не те оставив, не те напуштив ! Ме зедоа. Не најавено, грубо, насилно, со нивната моќ, во таа црна и глува ноќ.   Одеднаш се слушна од возила звук и чекори тешки, по калдрмата во сокакот наш каде се оди само пешки. За миг се затресе портата наша. А мајка ми ... ги рашири силно рацете свои, ме зграпчи како раскрилена птица преплашена за чедото свое.   Но, не беа доволни ниту прегратката и стисокот силен, ниту врисокот и молбите, ниту преплашените очи и солзите. Чукаа силно нашите срца две како да ќе ни најдат спас, во мигот суден за нас ! Ама попусто беше се. Не разделија, не однесоа ! А нашите погледи празни и срца тажни, ги затворија. И ... еве сум ... во воз. Долг, необично долг воз. Вагони многу, бучен, темен, навидум како и другите. Се слуша тропотот на тркалата по шините што во неповрат водат. А од внатре врева, лелек, пискотници ! Плач ! И детски и старски се разлева ни...

МАЈЧИН ЈАЗИК

Image
  Да зборуваш, да кажуваш и раскажуваш, значи да говориш. Да говориш, значи да имаш јазик свој, мајчин јазик. Јазик од дедовци и прадедовци, од предци дамнешни.  Од колено на колено, од генерација на генерација пренесуван, граден, чуван и заштитуван. Јазик најубав, највреден, најзвучен, најмоќен ! Идентитет на една нација и земја, нација своја, а предизвик, интерес и желба за други  да го научат, осознаат и запознаат.   Да имаш свој, мајчин јазик е богатство најголемо, непроценливо. А да го негуваш, заштитуваш и да го сочуваш и на идни генерации да го предаваш, значи бесценето богат си, па несебично и другите збогатувај ги !   Не е важно каде си, што си, со кого си јазикот мајчин секогаш и секаде да го говориш, со него да се гордееш и китиш. Децата свои уште од колевка со него да ги заспиваш и будиш, со него да ги растеш и воспитуваш, најубави песни и уки да им даваш. Да ги израснеш со нивниот јазик, македонскиот и луѓе големи да ги сториш. Да знаат кои се, од к...

Гоце Делчев

Image
По повод смртта на нашиот голем револуционер и патриот-Гоце Делчев. Автор: Мухамед Весели V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2  

Од допирот на љубовта секој станува поет

Image
  Трепет во срцето, забрзано отчукување, разумот отстапува, а срцето ја презема контролата. Љубовта е чудно чувство. Те исполнува, мислиш на неа секогаш... Во првиот момент кога ќе се почуствува, злото исчезнува. Розови очила ни се наметнати и со нив чувствата стануваат се посилни. Секој го има доживеано тоа чувство. Кон кој и да е, се чувствуваш спокојно во негова близина. Има различна љубов. Љубовта кон уметноста може на многу убав и сликовит начин да се долови. Преку сликарското платно, уметникот, своите чувства ги изразува преку боите, текстурата и начинот на сликање. Композиторот ги доловува со звукот на музиката која допира до срцето. Балерината танцува низ чувствата, а глумецот се внесува во нив. Љубовта кон некоја личност е поразлична. Се забележува секој мал, убав детаљ. Насмевката, отсјајот во очите, искреноста и внатрешната убавина... Секој изговорен збор, секој потег и поглед добиваат големо внимание. За каква било љубов и да се работи, чувството кое ни го дава е не...

Александриски светилник

Image
Автор: Мила Николова V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2  

Самовилата – „Сказна за светулките“

Image
  Писател на лектирата ,,Ѕвездени перничиња'' е Славка Манева. Таа во ова свое дело ги кажува карактеристиките на месеците и  за секој месец ни подарува по една сказна. Во   сказната ,,Сказна за светулките '' се раскажува  како настанале светулките со помош на волшебното стапче на самовилата. Во еден голем кристален дворец, живееле волшебник и неговата мала ќерка. Таа била милно девојче со долги, руси коси. Имала играчки од злато и сребро, но постојано била тажна и скапоцените играчки немале никакво значење. Била љубопитна затоа што сакала да види како е надвор од дворецот. Се чувстувала тажно, затоа што ги гледала другите деца како   среќно си играат.   Волшебникот открил дака тајно излегува од дворецот. Ја проколнал и ја претворил во ноќна самовила, која може да ја гледа само светлината на месечината. Волшебникот нaбрзо умрел без да ја повлече клетвата. Поминале сто и повеќегодинии. Таа веќе била старица со   бели коси. Времето ѝ поминувало в...

Патопис на еден деветооделенец: Тродевна екскурзија во Охрид

Image
  Девето одд еление. Се памти по многу нешта меѓу кои е и тродневната екскурзија во Охрид. Охрид- град на светлината познат како и Лихнид. Според легендите се вели и дека додека ја граделе Самоиловата тврдина и ги носеле тешките камења викале "ох-рид" од кое се родило името кое денес е врежано во сите наши срца како дестинација за релаксација и одмор. Нашата авантура започна пред портите на училиштето и прво застанување ни беше  Шарената џамија следеше  Бигорски манастир а потоа и женскиот манастир каде успеавме да видиме глетка од силното непокорно биење на камбаните создавајќи свој ритам, противеќи му се на палавото ветре. Бигорски манастир Имавме прошетка низ Струга и го надгледувавме истекот на реката  Дрим и секако, имавме интересно објаснување  за темнозелените алги кои се жители само таму и на изворите, како и зошто водите на реката и езерото не се мешаат. Зошто се вели дека водите на реката си имаат “своја патека на движење”.  Струга

Дизајн-изработка на чанти V-1

Image
  Автор: V-1 Уредник: Михаела Димчова IX-2