Самовилата – „Сказна за светулките“

 

Писател на лектирата ,,Ѕвездени перничиња'' е Славка Манева. Таа во ова свое дело ги кажува карактеристиките на месеците и  за секој месец ни подарува по една сказна. Во   сказната ,,Сказна за светулките '' се раскажува  како настанале светулките со помош на волшебното стапче на самовилата.

Во еден голем кристален дворец, живееле волшебник и неговата мала ќерка. Таа била милно девојче со долги, руси коси. Имала играчки од злато и сребро, но постојано била тажна и скапоцените играчки немале никакво значење. Била љубопитна затоа што сакала да види како е надвор од дворецот. Се чувстувала тажно, затоа што ги гледала другите деца како  среќно си играат.  Волшебникот открил дака тајно излегува од дворецот. Ја проколнал и ја претворил во ноќна самовила, која може да ја гледа само светлината на месечината. Волшебникот нaбрзо умрел без да ја повлече клетвата. Поминале сто и повеќегодинии. Таа веќе била старица со  бели коси. Времето ѝ поминувало во лекување на животни и инсекти. Многу ѝ било тешко кога ги закрпувала нежните крилца на пеперутките кои морала да ги зашива симетрично и да внимава на нивните шари, а светлитлината на месечината не била доволна. Ноќната самовила имала послаб вид и  не можела  добро да гледа во темница. Скромно побарала од месечината кога ќе се сретне со сонцето да побара едно сончево зрно. Месечината не се налутила затоа што мислела дека прави голема услуга. Самовилата чувстувала вина , затоа што со оваа своја желба мислела дека  ја погазува наредбата на својот татко.  Но сепак сакала да помага на повредените  животни и инсекти. Кога го добила сончевото зрно целиот дворец повторно заблескал, како голем скапоцен камен. Еден гавран разбуден од силната светлина го грабнал и избегал со сончевото зрно. Во тој  момент брзо реагирала самовилата и со волшебниот стап на својот татко малите грди бубачки ги претворила во бубачки со фенерчиња. Сакала тие да светат и во темната ноќ да го пронајдат и да ѝ го вратат украденото зрно. Се чувствувала многу тажно,  дека го изгубила тоа што ѝ било подарено и сакала да ја поправи својата грешка.

Самовилата за мене е позитивен лик затоа што им помагала на инсектите и животните од блиската шума. Сите деца што ја прочитале ,,Сказна за светулките треба да извлечат поука како да станат подобри луѓе, да им помагаат на тие што им е потребна помош и да ги почитуваат и слушаат родителите.


Автор: Павел Георгиевски V-1
Уредник: Михаела Димчова IX-2


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче