Posts

Showing posts from October, 2022

11 Октомври

Image
  Поробен народ, наведната глава, без никакви права Повод за востание и дамнешно стекната слава. Партизани во ред без опрема соодветна, Но желба голема на пат ги води до слобода мора многу да се оди. 11 Октомври-почеток скромен од Прилеп и Куманово силен пукот се јави во бој се тргна против окупаторскиот сој. Многу животи млади, згаснаа ко свеќа за ние денес да живееме во мир и среќа. Ви благодарам на сите вас, што кренавте глава и ги побаравте своите права.   Автор и уредник:Ања Јовановска IX-4

5 октомври- Светски ден на учителите

Image
 Човекот кој ги отвара прозорците на иднината и несебино ја открива тајната за справување со предизвиците кои ги носи животот, тоа е учителот. Затоа со право треба да им се поклониме. Да се биде учител е најблагородна и најубава професија, но воедно и најодговорна која подразбира огромна посветеност кон секој кој е желен за знаење, вештина и мотивација.   Датумот утврден во нашата земја е 5-ти октомври. Овој ден е одобрен од страна на УНЕСКО во 1994 година и се слави во сите образовни институции. Со одбележување на овој ден се заблагодаруваме на сите учители за придонесот што го даваат за развој и напредок на општеството преку нивната работа, а со тоа и создавање на подобро утре.   Вистинскиот наставник остава неизбледлив траг во срцата на неговите ученици. Неговата цел е да ја уважи работата на наставницие и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството.  Неколку цитати кои ќе ја истакнат важноста на наставникот: ,, Најголемото богатство на училиштет

Планински пејсаж

Image
       Планината е туристичка атракција која изобилува со безбројни дрвја кои сочинуваат шума. Постојат некои планини на кои има дрва а има и некои на кои нема. Ама тоа не е важно бидејки планината на било каков начин ќе ве  угости со своите планински убавини. Замислете си дека еден ден во пролет одите на планина и кога ќе стигнете таму, пред вас се случува некоја бајка како некој да фрлил магија врз вас и вие сте се магепсале од убавината на природата. Одеднаш десно од вас ја здогледувате прекрасната ливада полна со разнобојни лалиња кои ја прават како разнобојно небо полно со љубов која облаците ја шират. Пред вас има безброј расцветани дрвја кои лека полека своите светло розеви цвеќиња ги претвараат во зелени ливчиња. Дрвјата прават како патека која ве води низ  некој кралски двор. Тука се случуваше таа бајка, но во долот на планината имаше мала рекичка која имаше две поточиња. Од двете изворчиња извираше  ладна вода која ако се напиеш ќе те освежи и нема да можеш да престанеш да ја

Blue eyes

Image
  She had blue eyes. Dark blue. Like navy.   Like the deep dark depths of the ocean. Like the sky when the moon is out. They don’t have a little bit of green or yellow. They are black in the night, and they don’t shine throughout the day.   They stay the same.   But she doesn’t complain.   At the end we all want to be someone new. She would probably hate them if they were brown too. Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4

Проектот GLOBE

Image
  Започна уште една учебна година а со нејзе и сите секции, додатни и други активности. Меѓу тие секции е проектот GLOBE воден од учениците од биолошката секција . Со старт во минатата година, во овој проект ние, учениците имаме можност да имаме учество во собирање на податоци кои значајно ќе придонесат за нашето разбирање на системот на Земјата. Ја набљудуваме атмосферата односно облаците (колку се блиску, дали се облаци за дожд итн..), ја мериме температурата, влажноста на воздухот, воздушниот притисок ...     Оваа година на листата се додава  мерење на педосферата, односно земјата. 123 држави. 38,600 училишта. 43,718 наставници. 239,905 набљудувачи од GLOBE. Околу 230,672,281   мерења.     Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4

Новинарска статија: Длабоки мисли

Image
  Врнежливи, ладни и темни денови. Синоним за удобност, комфор и слобода на мислите. Денес беше еден таков ден, каде што мисли од различни аспекти ми кружеа во главата. Размислував за луѓето, моќта која секој човек ја поседува. Има неограничени можности доколку е на вистинско место и во вистинско време. Секој од нас може да создаде сè што ќе посака, сам да ја испише композицијата на животот, со паузи, возвишувања, може да биде композитор на една преубава симфонија на животот. Размислував за љубовта. Љубов... Кога некој го поседува твоето срце, твоите мисли и кога копнееш по неговото присуство. Некогаш и срцето гледа подобро од очите. Може и да се каже дека “Окото е прозорец на душата”. А животот пак? Тој е најголемиот подарок кој можеме да го добиеме. Треба бестрашно да се бориме низ него, бидејќи стравот е ужасна работа. Тој   нè оддалечува од најубавите работи во животот. Многу е тешко да се одлучиме што сакаме да правиме со него, како да го живееме. Затоа, посакувам да живееме д

Две ладни срца

Image
  Адам. Еден и единствен збор кој го опишува мојот живот. Адам. При самиот изговор нешто во срцето започнува да ми игра, да пее, да се радува и смее. Има темно сини очи, како бојата на дното на океанот кој крие безброј тајни. Русокос е, како златна круна која му ја краси главата. Некогаш и ме потсетува на жолтите житни полиња близу колибата на дедо ми. Има нежно, храбро и големо срце кое го прави вистински џентлмен. Тој нема ниту една маана. Верував дека тој е мојата сродна душа. Знаев дека го сакам уште од првиот поглед во трето одделение, кога беше мало невино детенце новодојдено во нашата населба. Оттогаш сме пријатели, па сè до денес. Тој беше покрај мене од првиот ден кога се запознавме и само сакаше да биде сакан, исто како мене.  Секој ден се гледавме, па така и еден обичен есенски ден по порака го поканив да дојде во едно популарно маалско место, да испиеме чај заедно. Не ми врати, што беше необично за него. По еден час му пратив знак прашалник, кој се однесуваше за минатата по

Нашите изгрејсонца

Image
         Изгрејсонца. Секогаш ги гледавме со тебе. Боите на небото се рашаруваа   и докажуваа дека небото не е само сино. Дека светот не е само црно и бело. Дека не е се толку едноставно и лесно. Седевме на плажата, звуците на брановите ја кршеа тишината. Песокот лесно седеше на нашата кожа. Не зборувавме. Сметавме на тишината да зборува за нас. Тоа беше по магично од обичните зборови. Сепак една слика, еден поглед, една насмевка вредеше и зборуваше повеќе од милион зборови. Тивко ветре дуваше на нашите изгорени лица. Ми вети дека секогаш ќе ги гледаме изгрејсонцата заедно.Сонцето се повеќе и повеќе се креваше од морето и го заземаше своето место наместо месечината. Сега сонцето зајде. Изгрејсонцата ги гледам сама. Додека ги следам, гледам во небото и повторувам во себе ,,Како можеше да ме излажеш?”. Ќе го добијам одговорот кога и јас ќе дојдам до тебе. Кога и јас ќе бидам дел, од сонцето. Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4