Проектот GLOBE
Започна уште една
учебна година а со нејзе и сите секции, додатни и други активности. Меѓу тие
секции е проектот GLOBE воден од учениците од биолошката секција. Со старт во
минатата година, во овој проект ние, учениците имаме можност да имаме учество во
собирање на податоци кои значајно ќе придонесат за нашето разбирање на системот
на Земјата. Ја набљудуваме атмосферата односно облаците (колку се блиску, дали
се облаци за дожд итн..), ја мериме температурата, влажноста на воздухот, воздушниот
притисок ...