Планински пејсаж
Планината
е туристичка атракција која изобилува со безбројни дрвја кои сочинуваат шума.
Постојат некои планини на кои има дрва а има и некои на кои нема. Ама тоа не е
важно бидејки планината на било каков начин ќе ве угости со своите планински убавини. Замислете
си дека еден ден во пролет одите на планина и кога ќе стигнете таму, пред вас се
случува некоја бајка како некој да фрлил магија врз вас и вие сте се магепсале
од убавината на природата. Одеднаш десно од вас ја здогледувате прекрасната
ливада полна со разнобојни лалиња кои ја прават како разнобојно небо полно со
љубов која облаците ја шират. Пред вас има безброј расцветани дрвја кои лека
полека своите светло розеви цвеќиња ги претвараат во зелени ливчиња. Дрвјата
прават како патека која ве води низ некој
кралски двор. Тука се случуваше таа бајка, но во долот на планината имаше мала
рекичка која имаше две поточиња. Од двете изворчиња извираше ладна вода која ако се напиеш ќе те освежи и
нема да можеш да престанеш да ја пиеш. Тоа беа двете бајки со нивните
особености. Да знаете кога ќе отидете на планина пробајте да го испланирате
времето бидејки ако не е испланирано ќе немате време да се изнагледате на таа
планинска убавина.
Автор: Јована Ивановска IX-3
Уредник: Сара Ангелова IX-3