5 октомври- Светски ден на учителите

 Човекот кој ги отвара прозорците на иднината и несебино ја открива тајната за справување со предизвиците кои ги носи животот, тоа е учителот. Затоа со право треба да им се поклониме. Да се биде учител е најблагородна и најубава професија, но воедно и најодговорна која подразбира огромна посветеност кон секој кој е желен за знаење, вештина и мотивација. 

 Датумот утврден во нашата земја е 5-ти октомври. Овој ден е одобрен од страна на УНЕСКО во 1994 година и се слави во сите образовни институции. Со одбележување на овој ден се заблагодаруваме на сите учители за придонесот што го даваат за развој и напредок на општеството преку нивната работа, а со тоа и создавање на подобро утре. 

 Вистинскиот наставник остава неизбледлив траг во срцата на неговите ученици. Неговата цел е да ја уважи работата на наставницие и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството. 

Неколку цитати кои ќе ја истакнат важноста на наставникот:

,, Најголемото богатство на училиштето претставува моќта на наставникот"

,,Образованието раѓа доверба"

,, Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува. Квалитетниот наставник демонстрира. Најдобриот инспирира"

,, Јас не сум наставник. Јас сум будител"

,,Наставник не предава она што сака, ниту она што го знае, наставникот предава она што е"

,, Единствената надеж за човечко спасение лежи во поучувањето"

,, Потребно е големо срце за да се помогне во обликувањето на малите умови"




Автор и уредник: Сара Ангелова IX-3

 






Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче