Нашите изгрејсонца
Изгрејсонца. Секогаш ги гледавме со тебе. Боите на небото се рашаруваа и докажуваа дека небото не е само сино. Дека
светот не е само црно и бело. Дека не е се толку едноставно и лесно. Седевме на
плажата, звуците на брановите ја кршеа тишината. Песокот лесно седеше на нашата
кожа. Не зборувавме. Сметавме на тишината да зборува за нас. Тоа беше по
магично од обичните зборови. Сепак една слика, еден поглед, една насмевка
вредеше и зборуваше повеќе од милион зборови. Тивко ветре дуваше на нашите
изгорени лица. Ми вети дека секогаш ќе ги гледаме изгрејсонцата заедно.Сонцето
се повеќе и повеќе се креваше од морето и го заземаше своето место наместо
месечината. Сега сонцето зајде. Изгрејсонцата ги гледам сама. Додека ги следам,
гледам во небото и повторувам во себе ,,Како можеше да ме излажеш?”. Ќе го
добијам одговорот кога и јас ќе дојдам до тебе. Кога и јас ќе бидам дел, од
сонцето.
Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4