11 Октомври

 



Поробен народ, наведната глава,

без никакви права

Повод за востание

и дамнешно стекната слава.

Партизани во ред

без опрема соодветна,

Но желба голема

на пат ги води

до слобода мора многу да се оди.

11 Октомври-почеток скромен

од Прилеп и Куманово силен пукот се јави

во бој се тргна против окупаторскиот сој.

Многу животи млади,

згаснаа ко свеќа

за ние денес да живееме во мир и среќа.

Ви благодарам на сите вас, што кренавте глава

и ги побаравте своите права.

  Автор и уредник:Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче