Две ладни срца
Има темно сини очи, како бојата на дното на океанот кој крие безброј тајни. Русокос е, како златна круна која му ја краси главата. Некогаш и ме потсетува на жолтите житни полиња близу колибата на дедо ми. Има нежно, храбро и големо срце кое го прави вистински џентлмен. Тој нема ниту една маана. Верував дека тој е мојата сродна душа. Знаев дека го сакам уште од првиот поглед во трето одделение, кога беше мало невино детенце новодојдено во нашата населба. Оттогаш сме пријатели, па сè до денес. Тој беше покрај мене од првиот ден кога се запознавме и само сакаше да биде сакан, исто како мене.
Секој ден се гледавме, па така и еден обичен есенски ден по порака го поканив да дојде во едно популарно маалско место, да испиеме чај заедно. Не ми врати, што беше необично за него. По еден час му пратив знак прашалник, кој се однесуваше за минатата порака. Ништо од него. Од досада го земав телефонот и тој ја направи својата магија и ме занесе сè до 1 часот наутро. Сè уште немаше порака од него. Пред да можам да изреагирам, капаците на очите сами ми се спуштија. Утрото повторно го проверив телефонот. Сè уште ништо. Таа недела не го видов ниту на едно од местата каде што обично излегуваше. Навистина се загрижив. Веќе поминаа четири дена, а јас не добив ниту една порака од него. Пред да размислам нозете сами ме понесоа до подземната станица и се качив во првото метро кое водеше до неговата куќа. Кога стигнав пред неа имав што да видам... Еден голем бел знак на кој пишуваше: “Куќата се продава”. “К.. Куќата се продава?!”-изустив...Во тој момент нешто силно ме пресече во срцето и последно што видов беа малите сиви камења.
Кога ги отворив очите го видов загриженото лице на татко ми и насолзените очи на мајка ми. Осетив силна болка во десната рака која подоцна видов дека сум ја скршила.”Каде е?”-Промрморев-“Каде е Адам?” Кога го видов натаженото лице на татко ми знаев. Знаев дека си заминал без планови повторно да се врати. Мислам дека тоа беа најтешките денови кои некогаш сум ги преживеала.
Без да забележам поминаа дваесет години. Веќе завршив факултет и си формирав своја фирма. Но, мислата за Адам никогаш не ме напушти. Го сонувам и навечер. Секоја ноќ станува се полошо и полошо. Веќе не можев да издржам. Си зададов нова цел, покрај моите бизнис идеи. Потрагата за Адам ќе ја започнам и нема да завршам сè додека не го најдам. Знам дека требаше само да го пуштам него и таа мислам, но, едноставно не можев. Бев заробена и исполнета со сила и малку гнев. Моите последни години ги поминав во потрага по него. Верував дека не треба сè да се остави на случајност.
Сега сум на безбедно, во рајот. Тука е многу убаво и топло, но Адам сè уште не го најдов. Без него моето срце засекогаш ќе остане ладно. И воопшто не се каам што така го изживеав животот. Јас го сметам тоа како една бајка по различна од оние со среќен крај, која мораше да биде прераскажана преку некого...
Автор Ева Серафимовска IX-4
Уредник Ања Јовановска IX-4