Новинарска статија: Длабоки мисли

 

Врнежливи, ладни и темни денови. Синоним за удобност, комфор и слобода на мислите.

Денес беше еден таков ден, каде што мисли од различни аспекти ми кружеа во главата. Размислував за луѓето, моќта која секој човек ја поседува. Има неограничени можности доколку е на вистинско место и во вистинско време. Секој од нас може да создаде сè што ќе посака, сам да ја испише композицијата на животот, со паузи, возвишувања, може да биде композитор на една преубава симфонија на животот. Размислував за љубовта. Љубов... Кога некој го поседува твоето срце, твоите мисли и кога копнееш по неговото присуство. Некогаш и срцето гледа подобро од очите. Може и да се каже дека “Окото е прозорец на душата”. А животот пак? Тој е најголемиот подарок кој можеме да го добиеме. Треба бестрашно да се бориме низ него, бидејќи стравот е ужасна работа. Тој  нè оддалечува од најубавите работи во животот. Многу е тешко да се одлучиме што сакаме да правиме со него, како да го живееме.

Затоа, посакувам да живееме два животи. Едниот како што сакаме, а другиот како што мораме. 



Автор: Ева Серафимовска  IX-4

Уредник: Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче