Работилница „Безбедно на интернет“
На денешниот состанок на Ученичкиот парламент одржавме работилница на тема „Безбедно на интернет“. По долго време и на наше задоволство, состанокот се одржа во училиште со физичко присуство. Учениците изработија хамери и цртежи на кои ги споделија своите мислења, идеи и пораки во врска со оваа тема, кои ги презентираа пред сите присутни. Дискутиравме за нашето време поминато онлајн, колку часови во денот поминуваме на компјутер, што правиме кога сме на интернет и како можеме да правиме нешто корисно и продуктивно додека сурфаме низ веб-страниците.
Потоа, зборувавме и за нашата безбедност додека сме на интернет, дали сме запознаени со опасностите на кои сме изложени, како да се заштитиме и кои постапки се штетни за нас. Учениците споделуваа лични позитивни и негативни искуства за времето поминато на интернет. На дел од работилницата стана збор и за предностите и недостатоците на онлајн наставата.
Во презентацијата погледнете ги изработките на учениците од денешната работилница.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3