Само еднаш сум дете

   Детство... Детството е најубавиот дел од нашата животна приказна. Возрасните може да се сеќаваат и споменуваат за посебни моменти и спомени поминати со посебни луѓе во посебно време. Децата пак со задоволство можат да уживаат во него, иако во некои ситуации сакаат да се повозрасни. Но со текот на времето и тоа ќе дојде. Сепак мислам дека секој возрасен човек без разлика на годините, длабоко во себе го има тоа мало детенце кое некогаш бил.
  Само еднаш сум дете. Палаво, безгрижно, без големи проблеми, среќно и весело. Детството е период во кој можеме да учиме од нашите грешки, но и од грешките на другите. Кога си дете го гледаш светот на поинаков начин.
  Секој период има своја убавина која има свои предности, но и свои недостатоци. Затоа треба да уживаме во секој дел од нашата животна приказна!

Автор: Михаела Димчова VII-2
Уредник: Михаела Димчова VII-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче