Проект МИМО – реализирање на иницијатива за Младински клуб
Младите иноватори продолжуваат да работат на ученички иницијативи во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Проектот се реализира со поддршка од УСАИД, МОФ и МЦГО, а во него учествуваат ученици од нашето училиште и од училиштата „Кирил и Методиј“ во Стајковци и „25 Maj“ во Ченто.
Денес во месната заедница на населбата Стајковци се одржа јавна дебата на која присуствуваше градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, кој го известивме за потребите на младите во нашата општина. Од него добивме потврда дека нашите иницијативи на кои работиме од почетокот на учебната година се во фаза на планирање и реализација.
На работилниците кои ги одржавме во рамките на овој проект беа идентификувани најважните приоритети на младите од нашата општина, како што се отворање на младински клубови, обновување на парковите и создавање нови паркови, и реновирање на игралиштата и изградба на нови игралишта.
На денешната средба со градоначалникот дискутиравме за приоритетот – отворање на Младински клуб и беше решено дека за таа намена можеме да ги користиме просториите на месната заедница на населеното место Стајковци, секоја среда од 12 до 13 часот.
P.S. Ѝ благодариме на наставничката Розе за сликите😊
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3