Проект МИМО, средба со градоначалникот на општина Гази Баба

 

      Во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, кој го реализираат МОФ и Младинскиот центар за граѓанско образование, денес одржавме средба со градоначалникот на нашата општина, Борис Георгиевски. На претходните две работилници, ние учениците кои учествуваме во овој проект идентификувавме три приоритети на младите кои ги издвоивме како најбитни и можеме да ги реализираме со поддршка од општината. Тие приоритети се:

  • Отворање на младински клуб во општина Гази Баба
  • Обновување на парковите во општината и создавање нови паркови
  • Реновирање на постоечките спортски игралишта и изградба на нови

Во изминатиов период градоначалникот преку писмо го известивме за нашите потреби и идеи, побаравме помош и соработка од општината, и на наше големо задоволство, тој денес ни соопшти дека сите три акции можат да се реализираат.

Во најскоро време, веќе следниот месец, може да се отворат не еден, туку повеќе младински клубови во повеќе населени места низ општината, за да можат во нив да земат учество многу млади. Клубовите ги замисливме како места во кои нема само да се дружиме туку и меѓусебно ќе си помагаме и ќе придонесеме за унапредување на животот на целата заедница. На пример, би функционирале клубови за помош на стари лица, клубови за чување на бездомни животни, потоа клубови за професионална ориентација на полуматуранти и матуранти, информатички и музички клубови и слично, според желбите и потребите на младите од општината. Градоначалникот нè извести дека веќе имаат предвидено локации и објекти за оваа намена и дека во најскоро време можат да се стават во функција.

Што се однесува на другите два приоритети, тие во некои населени места се делумно реализирани, во други општината веќе работи на создавање услови за нивно остварување, а градоначалникот беше оптимист дека тоа би можело да се случи и до крајот на годината.

 Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче