Колку ни е важна приватноста?

 

Ние младите - за среќа или за несреќа - живееме во дигитално време, во ера на размена на лични податоци како никогаш порано во историјата на човештвото. Приватноста речиси и да не постои. Не само младите, туку и возрасните и компаниите се изложени на собирање, складирање и обработување на личните и деловните информации на легален и на нелегален начин, без да се воопшто свесни за тоа.

Од овие причини, Советот на Европа ја препознал потребата на глобално ниво да се зголеми свесноста за важноста од почитувањето на приватноста, заштитата на податоците и овозможување доверба помеѓу индивидуалците и колективите. На 28 јануари 1981 година била потпишана Конвенција за заштита на поединците од автоматско процесирање на нивните лични податоци. До денес документот го потпишале 47 европски земји, САД, Канада, Израел и Нигерија. Од тој датум, 28 Јануари секоја година се одбележува како Меѓународен ден за заштита на податоците. Конвенцијата постојано се надградува за да ги опфати сите промени кои ги носи постојаниот технолошки развој.

Приватноста која вклучува и безбедност на податоците е заштитена и со членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Од едукативен аспект, државите на овој ден се стремат да поттикнат настани и активности кои стимулираат развој на технолошки алатки кои ќе ни овозможат индивидуапна контрола на личните податоци.

Внимателно сурфајте на интернет, бидете свесни каде и со кого комуницирате и споделувате лични информации.

Повеќе за тоа како да се заштитите од сајбер-булинг прочитајте во овој напис.

 

 Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров