Јас како жена во каменото време

            Се разбудив во нашата пештера. Мажот  ми заминал на лов, а децата си лежеа во меката постела од листови. По некое време станаа и децата. Ги облеков во облеката што ја сошив вчера од крзното  од мечката што ја улови маж ми. Во тоа време маж ми се врати со уловен зајак закачен на еден голем стап. Месото го исеков со остриот камен. Со искри од два камена запалив оган. Месото го зготвив на огнот.

Кога се најадовме убаво маж ми ни објасни дека во близина на местото каде што ловел видел една река, па таму да си направиме живеалиште и таму да останеме. Се согласив со него, па ги земав децата во раце, а тој си го зема орудието што го имаше направено од камен и коски.

Тргнавме по него. Кога стигнавме  до реката тој почна да прави шатор со помош на неговото орудие. Користеше камења, дрва и остатоци од животни како коски, кожа и крзно. Додека го правеше шаторот, јас на децата им покажував како им ги шијам алиштата и како татко им го прави оружјето. Кога маж ми го направи шаторот отиде да улови неколку риби. Тој зема една од неговите најостри коски што ги имаше пронајдено, па заврза една мала рачка на коските и така си направи орудие за роболов. Јас отидов да наберам некои плодови кои ги забележав во блиската шума.Маж ми не успеа да улови риба, ама следниот ден сигурно ќе улови. Се стемни и сите влеговме внатре во шаторот, па на сите им дадов по едно од тањирчињата што ги направив од глина и им подадов парче овошје и по еден сладок корен. Кога сите завршивме со вечера си легнавме.

Следното утро ме разбудија гласни звуци од  надвор. Станав да видам што што се случува. Кога излегов надвор го видов маж ми како прави сплав за да оди подлабоко во реката. Земал дебели парчињаод дрво кои ги врзуваше сите заедно, а потоа стави уште еден слој дебели парчиња дрва за да не потоне. Кога го направи сплавот,си ги зема работите за ловење што сам ги направи и неколку торби што јас ги шиев и влезе во реаката. Се качи на сплавот и отиде да лови. Јас отидов да ги разбудам децата. Кога станаа сите, се расонија, а потоа отидовме кај тркалотокаде што правам глинени садови, па почнав да правам мали чашки. Тие возбудено ме гледаа и сакаа да пробаат, но не им давав поради тоа што ако згрешат ќе трошат глина, а јас немам многу глина.

Кога завршив со работата отидов надвор да видам дали маж ми се вратил и дали уловил риби. Сплавот беше заврзан за да не отплови, а на него имаше две торби полни со риби. Маж ми рече дека е многу гладен, а и децата истото ми го кажаа. Искористив само една торба од рибите, а другата ќе биде за утре. Ги испеков рибите на оган. Убаво се најадовме. Јас отидов и сошив уште неколку облеки за децата,  а тие отидоа да соберат стапчиња за утре да имаме да го запалиме огнот. По некое време се вратија. Сите три деца држеа по неколку стапчиња во рацете, а маж ми држеше еден огромен елен. Маж ми рече благодарение на најмалото дете утре ќе имаме преубав ручек.

Децата ги оставија стапчињата на страна. Си легнавме подготвени за следниот ден кој ќе ни биде интересен и исполнет со активности.




Автор: Анастасија Мирческа V-1
Уредник: Михаела Димчова IX-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче