7 Април ден на здравјето
Секоја година 7 април се одбележува како светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот. Во 1948 г. СЗО го одржала своето I Здравствено собрание, на кое е решено 7 април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950г. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот. Светската здравствена организација приредува меѓународни, регионални и месни настани со извесна тематика која е важна за таа година. Во последно време се повеќе и повеќе се заборава на грижата за здравјето.Се помалку се носи топла и удобна облека, се помалку се пијат топли и лековити чаеви. Па затоа, кој било период од годината треба да се конзумира здрава храна, да се носи топла облека и да се грижиме за твоето и туѓото здравје. Оваа година овој ден беше повод за отворениот ден во СМУГС ,,Панче Караѓозов". Како Вие се грижите за вашето здравје? Дали некако го одбележувате овој ден? Коментарите ги чекаат вашите одговори!
Автор Александра Антовска 8-4
Уредник Ања Јовановска 9-4