Поблиску до ѕвездите
Секогаш ги сакав
ѕвездите но никогаш не знаев нешто многу во полето на астрономијата. Нивната
светлина беше секогаш привлечна. Опколена од
многуте улици каде не можеше да пркне, се свиваше како црно маче низ ноќта,
стануваше малечко клопче кое се фокусираше на едно нешто. Седев и се џарев во
нив. Од љубопитноста, желбата,
извира слатка недопрена милост.
Се прашував дали ако се качиш повисоко си поблиску до ѕвездите. До спомените. До
луѓето што заминале и нема да се вратат. До тивките пријателки на ноќта. Го
дишам воздухот на иднината.Но сега немам повеќе време за да
погледнам во небото. Немам повеќе време за мирно да седам и да мислам џарејќи
се во ѕвездите. Сега сум единствен дел,единствена точка од од соѕвездијата кои
се распрснуваат правејќи го Млечниот Пат. Сватив дека вселената секогаш ќе биде
дел од нас исто како ѕвездите. Тие се секогаш со нас и нашите спомени.Засекогаш.Тоа е мојата мала испревртена вистина. Совршената недефинираност за ѕвездите
што ми ја кажа токму ти, пред да станеш дел од нив.
Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4