Бадник во ноќта


    Тивко, тивко како лесната светлина од ѕвездите, јазејќи се по куќите и зградите дојде и Бадник и ги разбистри деновите. Коледарски песни беа будилникот на тогашното утро а малата Емилија скокна од креветот слушајќи го нивниот ѕвон. Трчкаше по скалите и беше добредојдена со песната на мајка ѝ во кујната која спремаше костени, ореви и други плодови за младите коледарчиња. Жената успеа да изусти добро утро пред да тргне низ холот за да стигне до предната врата. Емилија се заврте во круг додека ја гледаше куќата. Мирисаше топло, на печени костени, елката гордо стоеше во аголот и светкаше предизвикувајќи лампионите да изгледаат уште по привлечно и убаво. Се слуша крцкање на подот и со едно вртење  гласот на тато е звукот што ги исполнува ушите на младото девојче.

-Еми, ладно е а ти во пижами си. Време е да се почне денот, мила. 

Девојчето кимнува и како на трка оди во својата соба и се спрема за денот кој изгреал. Мирисот на цимет ѝ ги исполнува ноздрите, часовникот одчукува а малата Еми се прашува дали мама ќе и дозволи да земе три колачиња заедно со утринската чаша топло чоколадо. Скалилата пак се наоѓаат под нејзините нозе и пред да размисли тргнува накај кујната. Тонови на кафено и црвено се разлеваат низ куќата а сликите на ѕидовите си кажуваат посебна приказна. Додека да трепнеш времето отчукува не чекајќи го никој и стигнува времето за фамилијарната вечера. Мирисот на традиционална храна го прави стомачето на малата Еми да се превртува чекајќи гриз од убавите јадења на мајката.   Емилија ја разгледува поставената маса, храната, потоа погледот го насочува кон елката и на нејзиното лице се слика огромна насмевка. Позади нејзе се слуша мекото смешкање на мајката.

-Време е мојата Еми да седне и да јаде нели? Ајде, време е!

Емилија нестпливо седнува, доаѓа и таткото додека мајката става последни додатоци на големата маса, сега полна со секакви јадења. Мачето се џари во свежата примамлива риба надевајќи се дека ќе успее некако да дојде до нејзе. За негова несреќа таткото упатува лут поглед  кон него и животното како да добива повик дека овој пат нема среќа со ʺуловотʺ. Настојувањето за паричката продолжува и лепчето се крши. Сите бараат а се знае среќникот по големиот крик кој произлегува од малата Емилија. Тивката бадникова вечер продолжува додека милиони домови низ светот го кршат лепчето барајќи ја паричката со клучот до среќата која ќе трае цела година. Меѓу сите насмевки,деца,фамилии нашата свечена ноќ си настојува. Надвор, природата добива необична карактеристика и мирис. На топлина, цимет и некакво примамливо чуство на сигурност. Затоа мислам дека Бадник е најубав во ноќта. Тогаш најјасно се гледаме меѓу сите млади светли ѕвездички на небото. Тогаш Месечината сјае најсветло. Затоа највеличенственото време во новата година е токму Бадниковата ноќ.




За многу години нека ни е празникот!

Автор и уредник Ања Јовановска IX-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче