Св. Климент Охридски

 

  За животот и дејноста на Климент Охридски најбројни податоци добиваме од двете житија за Климент напишани од страна на Теофилакт и Хоматијани. Свети Климент Охридски е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј коишто се поврзуваат со создавањето на глаголското и кириличното писмо. Во науката се смета дека Св. Климент Охридски им се придружил на двајцата браќа од времето на Хазарската мисија. Познато е дека Климент живеел во границите на Првото Бугарско Царство. Се претпоставува дека се родил во периодот од 830 до 840 година. Нема податоци за неговото родно место, нодоколку се знае фактот дека уште од најмали години го знаел Методиј, може да се претпостави дека и Климент потекнува од истиот град од каде што потекнуваат и светите браќа, односно од Солун.

  По смртта на Методиј, неговите ученици биле изложени на големи измачувања и прогони. Дел од нив успеале да побегнат во Бугарија, која тогаш била силна држава. Во тој период од страна на кнезот Борис,Климент бил испратен како епископ во областа Кутмичевица, каде што во 886 година ја основал Охридската книжевна школа – првиот словенски универзитет, кој броел околу 3500 ученици.

Одликите на оваа школа се:

-         Доследно чување на делото на Кирил и Методиј.

-         Употреба на глаголицата.

-         Чување на јазикот на Кирил и Методиј.

-         Отпор против грчкиот јазик и елинизацијата на словенското население.

  Тој исто така од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот, се смета и за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички. При враќањето од Преслав, Климент се разболел. Според широката биографија, и покрај неговата болест, во последните денови Климент продолжил да работи. Тој починал на речиси осумдесетгодишна возраст, на 25 јули 916 година во Охрид, а бил погребан на 27 јули 916 год.,во манастирот ,,Св. Пантелејмон.

  Денес, 8 Декември се слави во чест на Св. Климент Охридски кој се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.





Автори: Михаела Димчова и Јана Саздовска IX-2
Уредник: Михаела Димчова IX-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче