Историјата на новогодишните честитки

 
Учениците од истражувачката историска работилница, овој месец истражуваа за Новогодишните честитки низ историјата. Тие изработија многу убави честитки, кои што се изложени на паноата во училишниот хол каде што секој ќе има можност да ги види.


КАКО ПОЧНА СЕ

Обичајот на сјајна новогодишна честитка е пагански и потекнува уште од времето на древна Кина. Во стариот Египет, желбите се пренесувани во ролни од папирус, а во Европа честитките се појавуваат во почетокот на 15 век во техниката на дрворез, на рачено изработена хартија. 

ПРВАТА ЧЕСТИТКА

Првата печатена честитка настанала во 1843 година во Лондон, по порачка на Хенри Кол, првиот директор на “Музејот Викторија и Алберт”.

На познатиот писател и новинар му досадиле дотогашните обичаи, исцрпувачки и скапи посети на роднините и пријателите и непосредно изразување на најдобри желби по повод божиќните празници, па членот на Кралската академија Џон Калкот Хорси го замолил рачно да му наслика честитка на која е прикажано типично англиско семејство собрано околу празничната трпеза, кое ужива во празниците и им помага на сиромашните. Тиражот на оваа честитка бил околу 1000, а денес се зачувани 12.

ПРАЗНИЧНИТЕ МОТИВИ НИЗ ИСТОРИЈАТА

Со текот на времето честитките го менувале својот изглед. Честитките најпрво имале шарена слика со средина во која обично било прикажувано насмеано среќно семејство, како ужива во раскошната празнична трпеза. Текстот бил едноставен и јасен: СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ.

Подоцна на нив почнале да се прикажуваат Елка, снег, Дедо Мраз, санки, ирваси и сл.

 РАЗВОЈ НА ПРАЌАЊЕТО НА ЧЕСТИТКИ

Праќањето на честитките за празниците брзо станало традиција. Веќе во 70 тите од XIX век печатењето на честитките било многу популарно, така да овие честитки ги праќале се повеќе и повеќе обични луѓе.

Со текот на времето честитките станале вообичаен начин на искажување на убави желби за новогодишните и божиќните празници ширум светот.



НОВОГОДИШНАТА ЧЕСТИТКА ДЕНЕС

Новогодишните честитки полека заминуваат во историјата. Пораките и мејловите, поддржани со моќните мобилни телефони и брз интернет, незадржливо ги туркаат старите обичаи во заборав, максимално скратувајќи го патот на најубавите желби од праќачот до примателот. Денес, се поретки се и тезгите на кои може да се најде релативно скромен избор на новогодишни честитки. Луѓето некако се оддалечија од овој убав обичај, бидејќи полесно им е да запаметат е-маил адреса, отколку домашната, па маркици, па чекање ред во пошта.Сепак ништо не може да го замени она чуство кое повозрасните генерации го имаа , како деца посебно, кога поштарот во деновите пред Новата година ни носеше по некоја честитка од роднини, пријатели, соседи. Веднаш си наоѓаа посебно место под елката. Денес тоа речиси и да го нема, но и да го има е во многу мала мерка.


Оваа година, наместо СМС, Вибер или други видови пораки, купете или направете новогодишна и божиќна честитка и израдувајте ги саканите!



Автор: Софија Мијалковска VII-3
Уредник: Михаела Димчова IX-2


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче