Подари насмевка со новогодишна слика

 

  На 20.12.2022 година, ние учениците од Ученичкиот парламент ги посетивме најголемите дечиња во градинката ,,25 Мај". Со радост изработувавме слики со новогодишни мотиви со цел да ги усреќиме лицата на малите дечиња.



Иницијативата беше предложена од нас, учениците, на наставниците исто така им се допадна и ни помогнаа во нејзина реализација. 


  Бевме топло пречекани со огромни насмевки и големо нетрпение за тоа какви подароци ќе им оставиме како спомен за да се сеќаваат на нас. Поразговаравме за тоа дали се возбудени што догодина ќе седнат во училишните клупи и што сакаат најмногу да прават во градинка. Ни открија дека и Дедо Мраз им донел многу подарочиња.





  Си закажавме следно видување во пролет каде ние ќе бидеме домаќини и тие ќе ни дојдат во посета на нашето училиште. Поминавме прекрасно време заедно кое нѐ потсети како е да си малечко и безгрижно детенце во една занимална полна со играчки.



Автор и уредник: Михаела Димчова IX-2
























Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче