Го кревам мојот глас - Наградени состави

Го кревам мојот глас - Награден состав


Учениците од нашето училиште се успешни на многу полиња. Оваа есен се одржа манифестацијата „Есен во Гази Баба“ на која учествуваа ученици од нашето училиште. Некои од нив со себе си понесоа и награди. Еден од наградените состави е составот на ученикот Ангел Крстевски од 8-2 одделение. Во продолжение уживајте во прекрасната творба на нашиот соученик.

 


Јас , го кревам мојот глас

 

Велат : ‘’ Молчи - молчењето е злато! ’’ - епа да ве прашам : ‘’ Каде ви се ќуповите со злато од вашето молчење? ‘’

Велат : ‘’ Прави добро, со добро ќе ти се врати! ‘’

Но, не е секогаш така. Има многу завидливи и злобни луѓе што ќе ти ја згазат добрината, ќе ти го нарушат мирот и спокојот, е тоа најмногу боли.

Велат : ‘’ Биди добар и прави добрини па твојата душа ќе оди во рајот. ‘’

Но, луѓето не сфаќаат дека рајот и пеколот се овде на земјата. Нашата земја беше рај за човештвото, се додека брзиот развој на индустријата и нехуманото трошење на природните ресурси ја нарушија природната рамнотежа. Сега гледаме како полека пред наши очи овој наш земјен рај исчезнува и се претвара во пекол. На секаде има војни, рушења и страдања, гладни луѓе, деца без родители и без покрив над главата. Се помалку има хумани луѓе и државници што се спремни да преговараат, да помогнат, да нахранат гладни души, да подадат рака, да направат добрина. Не дека несакаат, туку немаат време поради нивната вечна трка по богатство. А дали тоа богатство ќе ги направи среќни ако насекаде околу нив има несреќни и тажни лица.

Е затоа јас го кревам мојот глас против сите неправди! Да нема веќе молчење, тагување и страдање. Слогата, добрината и хуманоста можат да го победат секое зло.

Застанете луѓе! Не правете го она што несакате да ви го прават вас! Не уништувајте, не злоупотребувајте, не загадувајте! Туку обновувајте, создавајте, штедете денес, за да имате утре!

Сакајте се и уживајте во секој момент од животот, зошто животот е еден и за сите нас многу вреден!

 

Уредник: Катарина Пислевиќ 8-2

 

 


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче