Кодираме, учиме, се забавуваме
Во рамките на Еразмус+ КА229 проектот „Barcode” (Best
Achievable Results in Coding) беа одржани активности како дел од обука на наставници да ја користат програмата Scratch
и да стекнуваат способност, техниките
на кодирање да ги интегрираат во наставата.
Нашето училиште беше домаќин, а на мобилноста учествуваа партнерски училишта од Гимназијата Кретингос
Р. Видмантаи од Литванија, Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e
Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Во
активностите беа вклучени и членовите на информатичката секција: Софија Мијалковска,
Матеј Макрешански, Дамјан Петровик и Алек Јовановски. Тие пред присутните се
претставија со компјутрески игри кои сами ги кодираа користејќи ја програмата Scratch.
“Преку овој проект научив повеќе за кодирање,
едноставно програмирање и алгоритам, и тоа ќе можам да го применам во наставата по биологија,
странски јазик и уметничко образование.“ - Матеј Макрешански
“Со помош на знаењата што ги добив како резултат на
овој проект ќе ми овозможат да се
подготвувам за вештини на 21 век..“ - Софија Мијалковска
“За мене овој проект имаше големо значење. Кодирањето
го разбирам како алатка во наставата по математика со што го подобрувам логичното и алгоритамското размислување и стекнувам трајни знаења. “ - Дамјан Петровик
„Јас и моите другари
во тимот бевме воодушевени од проектот и бевме љубопитни да дознаеме
со какви активности ке се претставиме пред гостите. Си
помагавме еден на друг, лесно го сфаќавме кодирањето, бевме
креативни и
со секој предизвик со кои се сретнавме станувавме се подобри
во нашите проектни активности. “ -
Алек Јовановски
Софија, Дамјан, Алек и Матеј беа
полни со елан и со многу возбуда се претставија пред учесниците. Присутните наставници со внимание го следеа
нивното претставување и се интересираа за трудот што го вложија и предизвиците
со кои се сретнаа. На крај сите беа задоволни.
Младите информатичари заминаа кон нови
предизвици. Така е тоа со
информатиката.