Меѓународниот ден на човековите права
Меѓународниот ден на човековите права
Кои сме ние без права? Без правото на живот, семејство, образование? Правата се основа која постоела од секогаш и ќе постои засекогаш. Луѓето се бореле за слобода дури и пред нашата ера. Робството, кметството и многу слични уредувања се само неколку докази за тоа колку човештвото напреднало. Затоа денес на глобално ниво се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. На 10 декември 1948 година во Париз од страна на Генералното собрание е усвоена Универзалната декларација за човекови права.
Декларацијата се состои од 30 члена и е создадена во периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите луѓе. Во Декларацијата се пропишува дека секој има право на правата и слободите објавени во неа, без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичко или друг вид на убедување, националното или социјалното потекло и друго. Затоа на овој ден ги прославуваме нашите права и се поттсетуваме на минатото каде нашите претци се бореле за истите.