Нереална помисла
Студот ги замрзнуваше моите коски при почетокот на есента. Надвор како да беше зима, ветрот поминуваше и секој човек со студ го пополнуваше. Моите раце беа мраз од студов. Го чекав кај летниковецот. Го чекав со нетрпение и копнеев за прегратка. Едноставно барав неговите раце мене да ме прегрнат, да ме задржат некако, барав во таа прегратка да спијам и никогаш тие раце да не ме напуштат. Јас имав за зборување, а тој имаше за слушање. Правеше големо растојание меѓу нас, правеше уште повеќе да замрзам од ветрот кој ми ја брануваше косата. Живеев за да бидам со него, за да биде мој, а јас негова. Тој ги слушаше зборовите кои излегуваа од мојата уста, но сепак не посвети внимание на она што го зборував. Неговото памтење за она што го изговарав беше слабо и бледо кое не траеше. Неговото памтење за моите зборови брзо избледуваше. Давав сѐ од себе, го давав целиот мој труд кој го поседував за да го имам. Се борев и се соочував со сѐ и со тешкотиите на патот и со тешкотиите кои паѓаа врз мене и кои ме натежнувааа и влечеа сѐ повеќе кон подот. Го давав целото внимание, но сепак ништо не добивав. Јас бев таа која трчаше по тој што го сакаше, а него мува не го лазеше. Беше ладен кон мене, а со неговото молчење уште повеќе ме замрзнуваше. Јас бев таа која му даваше дознаење дека ако дозволи и ако ја отвори вратата на срцето, а и ако посака да влезам ќе расцутам сѐ, ќе дадам боја на сѐ. Ќе дадев боја на неговиот живот. Му имав кажано животот ти го гледам како касета, рутина, реприза... Размислуваше дали да дозволи да влезам во неговиот живот затоа што сепак не бев само јас таа која постоеше и се бореше за него. Постоеја уште многуте, а тој не беше некој што беше заљубен во мене. Неговото срце бев сигурна дека еден ден ќе го добијам. Му имав кажано кога јас доаѓам во околинава често лоши работи ме следат, а којзнае сега што ќе се случи. Си велев да не одам на тоа место, избегнував да се појавам но сепак отидов затоа што ако не го видев едноставно не можев да продолжам, а душата да не си ја нахранам со прегратка. Во темницата не го ни гледав, сѐ беше темно и мрачно. Ме прегрна, но не почувствував ништо. Прегратката повторно беше ладна, бесчувствителна и брза. Верував дека ќе успееме, го убедував дека ќе бидам јас таа која ќе го има. Почнав да се тресам од студот, чувствував како коските веќе замрзнуваат. Не се ни потруди да ме земе во прегратка, да ме стопли, само ме гледаше како самата почнав мразулци да пуштам и од самиот студ да умирам – беше бесчувствителен. Ветрот уште посилно зачекори и еден есенски лист брзо ме пресече со брзиот замав на заминување. Знаев дека нешто ми докажува, знаев дека нешто повторно ќе се случи. Нетрпеливоста ме поседуваше, а избувливоста секогаш постоеше во мене. Повторно зборовите болеа, мојата уста повторно нешто искажа што го повредува човека, но сепак моите зборови никогаш не допреа до него, а и никогаш не го ни интересираа. Но, сепак имав грижа на совест, сепак ме болеше она што го изговорив. Леев солзи знаејќи дека не вреди да ги леам, но воздухот не знаев од каде да го земам. Очите ме печеа од солзите. Срцето ме стегаше од своите зборови, се истоштив борејќи се да го имам, но повторно го немам. Повторно бев таа која за сѐ се избори и потоа сама се уништи. Не можев да се соземам, почнав во сопствените солзи да се давам, барајќи излез како да се спасам. Се изгубив во лавиринтот на помислата дека ќе успееме, но сепак мислата ме лажеше. Иако бевме различни, тој беше човек кој за ништо не се грижеше, а јас бев таа која за сѐ лееше солзи. Имав слободен дух и бев една луда личност која сака забава, а тој го имаше сето обратно и различно од мене. Тој грешката ја направи затоа што не се ни потруди, да посакаше да ме има бев подготвена да го сменам карактерот само затоа што го сакав. Никогаш не се потруди да ме разбере дека го сакав и дека сакав да го имам. Се гушев во својата нереална помисла, а се „давам“ во сопствената солза. Се освестив дека го губам кога едноставно веќе го изгубив. Сѐ стана реално кога го пуштив самата од прегратката, па да знаев дека е последен овојпат посилно би го гушнала, но таа можност не ја добив, неговите мисли за мене не беа вистински. Ме мислеше за некоја нереална, нестабилна, лесна, смотана, некоја која не стои на зборот кој го дала... но сето тоа беше од маглата пред мене, сето тоа беше затоа што тој беше врежан во мене. Но, тоа и да му го кажев, бесчувствителноста повторно ќе владееше во него. Маглата се крена кога едноставно мене требаше да ме снема. А јас почнав да се гушам знаејќи дека ќе го снемам воздухот и ќе се задушам. Овојпат сѐ заврши од местото каде што започна во оваа есенска помисла, нереална и совесна.
Автор: Евгенија Зафирова IX-1
Уредник: Сара Ангелова IX-3