Миленичињата на моите другарчиња
Миленичињата на моите другарчиња од VI-4
Секое дете посакува да има милениче. Од миленичињата добиваме неизмерена љубов и среќа. Од нив учиме да сме одговорни, грижливи и љубезни.
На училиште со моите другарчиња од VI-4 разговараме за нашите миленичиња. Сите кажуваме дека имаме многу убави миленичиња и колку ги сакаме. Па решивме и вас да ве запознаеме со нашите миленичиња!
Миленичето на Ангела е мачето Макс, тоа е мало, слатко и палаво. Макс има 4 месеци и таа многу го сака.
Хрчакот Бони е милениче на Андреј. Бони е родена на 22.09.2022година и многу сака да си игра, но понекогаш е плашлива.
Ова е миленичето на Никола, кучето Брикси. Родена е на 16.06.2018 и има 4 години. Таа сака да се игра и многу сака да јаде.
Миленичето на Емил и Дино е кучето Леа. Таа е родена 2019 година, многу сака да игра и да јаде. Во слободно време Емил и Дино си играат со Леа.
Моето милениче е кучето Џек. Тој е роден на 04.02.2022 година и има 9 месеци. Џек многу сака да се игра, а посебно да јаде. Кога се враќам од училиште тој многу се радува. Премногу го сакам.
Миленичето на Мила е кучето Софи кое има 1 година. Родена е на 14.10.2021.Таа сак да јаде и да се игра. Мила многу ја сака Софи и секогаш кога е слободна одат на прошетка.
Папагалчето Роки е милениче на Стефан, тоа има 2 години.Утрото на Стефан започнува со убавата песна на Роки. Тоа е покриено со килим во различни бои. Стефан е среќен што го има Роки во својот дом.
Мачката Топче е миленичето на Ведран. Топче има 3 години и е од расата на Норвешка шумска мачка. Ведран многу си го сака своето милениче.
Ова е миленичето на Михаела, папагалчето Пипи. Тоа има 2 години и родено е на 02.08.2020 год.Пипи понекогаш сака да гриза. Кога Пипи почнал да живее во домот на Михаела бил многу мал. После некое време се случила некоја незгода и нозете на Пипи се искривиле, но Михаела сепак го сака.
Кучето Бруно е милениче на Калина. Тоа има 3 години и родено е на 07.08.2019 год. Бруно многу сака да игра, да јаде, да спие и да лае. Калина кога си доаѓа од училиште Бруно ја чека на врата, спремен за прошетка. Бруно и Калина кога се заедно се среќни.
Секое милениче на својот сопственик е најдобар другар. Со нив си играме, се забавуваме и ги поминуваме најубавите заеднички мигови!
Автор: Стефанија Спасовска VI-4
Уредник: Катарина Пислевиќ VIII-2