Moите летни авантури
Моите летни авантури
Седејќи во училишните клупи учениците го слушаат последното училишно ѕвонче.За некои е последно во тоа училиште и токму за нив животот врти нова возбудлива страница. Следат три месеци полни среќа, три месеци полни другарување, следат три топли месеци, следи летниот распуст. Нема дете кое не го сака распустот што следи.
Токму кога излегов од училишната зграда моето срце го исполнија насмеаните лица на децата околу мене. На полиците на кои беа книгите поставив рамки за слики на кои ова лето ќе стојат фотографии од летните авантури. Додека размислував за сите работи кои ќе ги правам ова лето дојде време да почнам да се пакувам за истите. Понесов многу гардероба, но се вратив со уште повеќе фотографии и убави спомени. Се вратив од земјата на пицата, тестенините и виното, се вратив од Италија. Во Рим ги поминав најубавите денови од месецот Јули. Покрај тоа што во Италија ми беше многу убаво прекрасно си поминав и во Грција каде со моите родители поминавме пет многу убави сончеви денови.
Но сите убави работи мора да завршат. Сега вратена во училиште можам само да се присетувам на овие денови. Додека летниот распуст повторно не тропне на вратата.
АВТОР И УРЕДНИК: Катарина Пислевиќ 8-2