Љубов
Љубов
Љубов... Што е тоа љубов? Какво значење има љубовта? Дали некогаш ќе ја почувствувам? Да, љубов, она кога се будиш секој ден со помислата дека некому си потребен, она кога само една личност те исполнува целиот и те прави среќен.
Таа има повеќе значења. Кога бев мала мислев дека љубов е нешто како на цртаните, кратко и јасно. Не, љубовта е всушност еден голем поим, мал збор а сепак исполнет со многу емоции и чувства. Таа ја носи најголемата среќа, фантазијата, чувството дека не си сам, илузијата да мечтаеш за нешто скапоцено во животот. Таа е мирис на илјада цветови. За жал, може да биде и сурова. Да те измами и да те урне целосно. Секоја пеперутка во стомакот да ја убие, секое жарче да го згасне, да те смени и направи безчувствителна личност. Што ако јас завршам така? Што ако не ја пронајдам мојата љубов и останам сама? Се тоа е само “што ако“, исплашено чувство кое буни и зашеметува. Иднината ќе го каже своето, а јас до тогаш ќе се запознавам уште многу со тој чудесен збор.
Како и да е, љубовта постоела од секогаш и претставувала нешто што без кое човечкиот род не би можел да опстане. Сите ние порано или подоцна ќе ја најдеме нашата љубов, некои од нас ќе бидеме тажно вљубени, некои среќно, но најважно од се е тоа дека сите ќе ја имаме таа прилика да го почувствуваме тоа силно чувство.