Песна за македонскиот јазик

Тој е како бисер сјаен
на сонце светка и блика,
тој е еден светол јазик,
јазик македонски се вика.

Дали ти македонско чедо
што го зборуваш јазикот на баба и дедо,
го негуваш и чуваш јазикот свој,
знаеш ли колку вреди тој?

Вредноста негова е голема,
поголема и од небото ширно
и од планините, патиштата,
поголема од езерото мирно.

Македонскиот јазик
е бескрајно вреден
без него ти немаш гордост
без него ти си туѓинец беден.

Треба да се знае како прво:
ние не сме без корен дрво
имаме свое, македонско семе,
имаме јазик од дамнешно време.


Автор. Ана Милановска IX-3

Уредник: Сара Ангелова IX-3


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче