Возбудлив летен распуст

 Возбудлив летен распуст 

 

 

 Ѕррр... Заѕвони последното ѕвонче за оваа школска година. Со нетрпение го чекав овој момент. Чувство на среќа и возбуда. Сите скокнаа од училишните столчиња и се упатија кон нивните домови. За момент, училиштето стана најтивкото, осамено место. 

 Почна летниот распуст. Почна летото. Започнаа игрите на песок и во вода, враќањето доцна навечер дома, смешките и летните дружби, стекнувањето нови пријатели, првата љубов и чувството на слобода, мир и среќа. За ова лето, јас имам желба да се возам на брод и да ги гледам убавините на морето. Сакам доцна навечер, по полноќ, да лежам покрај мирното море и да ги гледам ѕвездите. Едноставно сакам се да е како на филм. Да не ми е грижа за ништо. Сакам летово да се помни, да направам што повеќе спомени. Цело лето и сите убавини се пред нас, сега се започнува.  

   Лето, нешто што те прави среќен, и го решава секој проблем. Нешто што од толку убавини поминува додека да трепнеш, нешто што никогаш не се заборава и стои во нашите срца. 

 


 

 

  АВТОР: Тамара Додевска 8-2 

УРЕДНИК: Катарина Пислевиќ 8-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче