Завршен настан на УСАИД
По повод завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во
образованието, реализиран од страна на Младински центар за граѓанско
образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ) нашето
училиште доби покана да биде гостин на една таква прекрасна манифестација.
Манифестацијата се оддржа на 21 септември (среда) во просториите на хотелот
Александар Палас.
Од нашето училиште земаа учество 12 ученици кои го претставија училиштето во најубаво светло и несебично ги споделуваа своите идеи.
Во изминативе 5 години проектот работеше со институциите и со сите основни и средни училишта низ државата со цел да се зајакне меѓуетничката кохезија во училиштата, граѓанското однесување на учениците и младинското учество.
Обраќање имаа заменик-министерот за образование и наука и заменик шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје.