Поезија на тема „Бели гулаби за сите деца во светот“ од VI-1 и VI-4 одделение
Децата се среќни
кога сонцето силно грее
и кога славејот
убави песни пее. 
Децата сакаат 
безгрижно да растат, 
да се смеат и 
весели песни да пеат. 
Децата се како 
бели гулаби во шир
со единствена порака 
„Да растеме во слобода и мир“.
Автор: Дарјан Митревски VI-1
Имам јас имаш и ти,
во раката гулаб бел.
Тие ќе го освојат светот цел,
пораката за мир од нас е дел.
Дали има потреба од крв и војни,
заземање територии големи бројни?
Мирот е најпосакувано нешто,
треба да се чува и негува вешто.
И јас и ти да бидеме дел,
од поубав поразигран свет бел.
Наместо со оружје со знаење да војуваме,
територии за дружење да освојуваме.
Автор: Христијан Г. Ивановски VI-1
 Два гулаби бели,
два цвета во градина,
две душички невини...
Во срце ве носам
и љубов ви дарувам.
Иднината ви ја постилам
со прекрасни рози,
за да чекорите по патот 
на среќата и радоста
и ја осознаете
убавината на животот...
Гулаби мои бели,
летајте безгрижно
верувајте во себе, и 
верувајте во љубовта
мајчина, најискрена...
Автор: Ена Јордановска VI-4
Сите деца се исти,
без разлика на раса и боја
сите деца заслужуваат 
среќа своја.
За сите деца на светот
да има гулаби бели,
и сите деца да бидат
храбри и смели.
Сите деца се богатство,
иднината на светот.
Сите деца се убави и мили
полични и од светот.
Автор: Марија Трајковска VI-4
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3 

 
 
 
 
 
