Посета на ПСУ „Алгоритам“

 

На покана од ПСУ Алгоритам, група ученици од деветто одделение со наставничката по биологија Душанка Китановска и психологот Марина Пазаркоска, денес бевме во посета на приватната гимназија. Посетата имаше за цел да ги збогати нашите знаења и вештини по неколку училишни предмети.

Најпрво се запознавме со постапката на дисекција на животни, во случајов правевме дисекција на октопод. Тоа е морско животно што не живее на нашето поднебје, па затоа беше посебно интересно за нас учениците. Ова беше првпат да имаме прилика лично да учествуваме во постапка на дисекција.

Потоа, во лабораторијата на училиштето направивме и еден хемиски експеримент во кој ја набљудувавме реакцијата на натриум хидроксид со хлороводородна киселина. Поставивме хипотеза дека кога ќе се измешаат двете соединенија ќе се добие вода и сол (натриум хлорид), и со експериментот тоа го докажавме.

Имавме прилика и практично да испробаме виртуелна реалност со специјална опрема за таа намена. Ни беа на располагање неколку различни виртуелни соби, кои беа со различна содржина и активности. Освен тоа, ги тестиравме и нашите знаења од областа на информатиката со успешно кодирање на механички робот да извршува наредби кои му ги зададовме со кодот.

Посетата за нас беше многу интересна и забавна, а истовремено и едукативна. Си поминавме многу убаво и се надеваме на повторно идно дружење со наставниците и учениците од Алгоритам.

Погледнете ги сликите од нашите активности.



 





 





Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров