Пролет во скопје

 

Бакнежот на новата пролет ми ги разбуди мислите за нова прошетка.Одамна не сум чекорела покрај Вардар. Посадените цветови го разувуваат амбиентот а архитектурата впливува во мене патериотско чуство. Иако е доста загадено, сепак проллета ги исполнува своите магии. Жуборењето на Вардар ме оттргна од негативните страни на загадувањето и ме пресече. Низ целата слика се одвои нашиот најпознат воин на коњ- Александар Македонски. Поминувајќи низ плоштадот забележав секакви лица. Од ококорени туристи до стари брчкави очи кои наишле да земат здив. Се доближувам до Рекорд. Маса на луѓе зборувајќи англиски поминува сликајќи се покрај куќата на Мајка Тереза. Во мислите се вметна и сликата на таа храбра фигура која засекогаш остана во сеќавањата иако сега ја нема. Остави длабок белег на луѓето. Позитивен. Сонцето срамежливо блееше низ облаците, но како минуваа минутите полека ги одкриваше своите сончеви зраци. Дрвјата беа конечно разеленети. Сликата беше конечно пошарена. Вкусот на новата пролет беше сладок и мил. Мислите за летото што иде, ах, тие беа уште поблаги.






Автор и уредник Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Мојот живот за време на пандемија

Пролетен пејзаж

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров