Свети Кирил и Методиј
Успешно ги завршиле доделените тешки и одговорни задачи од страна на
византискиот двор мисијата кај Сарацените (Арапите)
во Багдад,
која како и Хазарската и Моравската
мисија претставувале дел од политичката програма на Византија,
чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските
Словени, Бугарите, Русите и
другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската
црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на
верата во Исус
Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа
испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го
крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. Се
враќаат во Цариград,
каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги
преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав
отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера,
па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат
младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил
се разболе и умре, на 14
февруари 869 година. Тогаш
Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на
Христовата вера меѓу Словените.
По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици
Петочисленици, на чело со Свети
Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав на
сплав "од три липови дрвја" и пристигнаа во Белград,
тогаш во Бугарија. Началникот на Белград, ги испрати при царот Борис I. Свети
Наум остана во главниот град на Бугарија и ги постави основите на Преславската
книжевна школа, а Климент е испратен во областа Кутмичевица,
на југ во Македонија,
каде што од Охрид продолжи
да работи меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на
север. Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно
возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието
на Свети
Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците
од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.
Во чест на нивното дело го празнуваме Денот на сесловенските просветители Св.
Кирил и Методиј. Честит 24 Мај.
Свети Кирил и Методиј
Во една одаја во еден темен мрак
кој го победуваше една восочна свеќа,
двајца браќа на хартија пишувале знак до знак,
а на нивните лица блескаше неизмерна премудрост и среќа.
Тие знаци беа азбука,
азбука наречена глаголица.
Таа вековна азбука беше ука,
измислена од тие среќни лица.
Тие браќа дадоа азбука на сиот словенски род
и беа тој свет и светол зрак,
што ги учеа луѓето на верата Христова под овој небесен свод
и ги избавија од вечен мрак.
И секој 24 Мај
нивното просветителско дело го празнуваме
и овој празник има чуден и светол сјај,
а на вас Кирил и Методиј свежо цвеќе ви даруваме
и длабоко ви се заблагодаруваме.
Изработиле: членови на литературното катче
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3